Три пакувања со прашкаста материја биле пронајдени на прозор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен на 7 октомври во 22:10 часот во СВР Скопје од страна на установата. Според пријавеното, пакувањата претходно ги оставил осуденикот А.Е. (31).
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.