Свет

Кличко ги повика жителите на Киев да го напуштат градот

Градоначалникот им советуваше на оние со роднини или пријатели надвор од главниот град да размислат за привремено заминување

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика жителите на украинската престолнина да размислат за привремено напуштање на градот поради зголемените напади и ризикот од тешка ситуација во текот на зимата, објави украинскиот новински портал НВ, повикувајќи се на интервју што Кличко го даде за агенцијата Франс прес.

Кличко им советуваше на жителите кои имаат пријатели или роднини надвор од Киев да размислат за привремено преселување.

Тој предупреди дека главниот град се соочува со сè потешка ситуација поради нападите врз клучната инфраструктура и дека градските власти имаат ограничено време, финансиски ресурси и број на работници за да се подготват за зимата.

„Секој ден има нови извештаи за уништени згради, повредени или убиени луѓе, како што се интензивираат нападите врз нашиот град. Сега е прашање на преживување“, рече Кличко.

Градските власти подготвуваат залихи од гориво, вода и храна и развиваат резервни системи за греење за да ги минимизираат последиците.

Кличко, сепак, предупреди дека ситуацијата може да стане многу тешка ако воздушната одбрана не е во можност да ги одбие нападите.

Тој нагласи дека не повикува на целосна евакуација на Киев, туку дека жителите кои имаат можност за привремено сместување надвор од градот треба да ја разгледаат таа опција.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top