Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

Мрежата за заштита од дискриминација и здружението „Јас сум жена“ влегоа во јавна дебата по средбата на претставничките на здружението со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, отворајќи го прашањето дали зад економското зајакнување на жените се кријат идеолошки агенди против репродуктивните права.

Додека граѓанската мрежа бара институциите и бизнис-заедницата да ги преиспитаат партнерствата поради поврзаност на здружението со американски антиабортус движења, од „Јас сум жена“ потенцираат дека нивниот фокус е исклучиво на женското претприемништво, финансиската независност и локалниот економски развој.
Според Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерката за Труд и Социјала во владата на Зоран Заев, Мила Царовска економското зајакнување е само параван за антиродови агенди.

Во отворено писмо упатено до претседателката Сиљановска-Давкова, Мрежата за заштита од дискриминација изрази сериозна загриженост за легитимитетот што највисоката државна институција наводно им го дава на одредени организации затоа што се сретнала со нив. Притоа не се посочува што конкретно е проблемот туку се шпекулира со теми за кои нема никаков доказ дека се разговарани.

Во шпекулативното писмо од Мрежата тие зборуваат за прикриени пораки посочувајќи дека современите антиродови движења ретко настапуваат радикално туку дека влегувале во институциите, деловните асоцијации и стартап-екосистемите преку прифатливи теми како женско лидерство, претприемништво и семејство.

„Економската независност без телесна автономија не е целосна еманципација. Мајчинството без избор не е слобода. А правата на жените не се за преговарање“, децидни се од Мрежата за заштита од дискриминација, барајќи одговор од претседателката дали е запознаена со овие идеолошки врски.

## „Јас сум жена“: Градиме мостови за економски развој и независност
Од друга страна, во својата реакција по средбата со шефот на државата, од здружението „Јас сум жена“ ставаат акцент на практичните и економските аспекти на нивното дејствување, без да ги коментираат идеолошките обвинувања.

Нивните клучни точки презентирани пред претседателката вклучуваат информации за
Петтаат глобална женска лидерска конференција.

,,Средбата беше искористена за најава на јубилејната конференција, која годинава е посветена на бизнисот како сфера каде жените сè поуверено го освојуваат својот простор.
Од Јас сум жена посочуваат дека пред претседателката била презентирана иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во општините низ Македонија, со цел поддршка на жените во локалните економии.

Организацијата потенцира дека креира простор за секоја жена – од сопственички на бизниси и занаетчии, па сè до жени од руралните средини.

„Водени од нашата мисија за економска и финансиска писменост и независност на жените, продолжуваме да градиме простор каде споделувањето знаење, искуство и контакти станува мост кон нови бизниси и партнерства. Тоа е иднината што ја градиме заедно“, порачуваат од „Јас сум жена“.

Во објавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со Јас сум жена никаде не се споменува абортус.

,,На средбата со претставничките на Здружението „Јас Сум Жена“ разговаравме за нивната претстојна конференција, како и за иницијативите за поврзување на жените.

Ги поздравив настаните во чиј центар се жените и женските автентични приказни, коишто откриваат бројни проблеми, но и видни успеси.

Годинашнава тема на конференцијата, фокусирана на жените во бизнисот, е добар избор од многу причини, а особено заради фактот што женската економска самостојност е предуслов за креирање свој живот, градење хармонична семејна заедница и учество во општествениот развој.

Особено значајна е храброста на „Јас Сум Жена“ во рушењето на митот за традиционално машки и женски професии, преку запознавање со успешни жени – машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки и охрабрување на девојките слободно да го изберат и трасираат својот професионален пат, водени од сопствените афинитети, интереси и способности”, објави Сиљановска-Давкова по средбата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ со фашистичкиот поздрав среде Европскиот парламент, истапува со тешка и дрска провокација кон Македонија и македонскиот народ!

To top