Македонија Хроника

Колку сме сиромашни како држава – Колку семејства добиваат социјална помош?!

Над 33 илјади е бројот на семејства кои живеат од одредена социјална помош во нашата земја. Според социологот Мурат Алиу, за да се подобри оваа состојба, мора да се спроведат структурни и сеопфатни реформи. „Миграцијата во последните десет години, според анализите што се прават, не е само поради економски прашања, туку има врска со животниот […]

Над 33 илјади е бројот на семејства кои живеат од одредена социјална помош во нашата земја. Според социологот Мурат Алиу, за да се подобри оваа состојба, мора да се спроведат структурни и сеопфатни реформи.

  • Миграцијата во последните десет години, според анализите што се прават, не е само поради економски прашања, туку има врска со животниот стандард, со квалитетот на државните услуги. Значи, имаме еден вид миграција не само од економски причини, туку и поради недостаток на квалитет на живот, недостаток на квалитетно образование, квалитетно здравство, недостаток на правна држава итн. Значи, накратко, мора да се направат структурни и сеопфатни реформи за да се запре трендот на одлив на мозоци од земјата“, вели Мурат Алиу за Алсат ТВ.

Иако трендот на млади луѓе што ја напуштаат земјата продолжува, бројот на раѓања се намалува секоја година. Според Државниот завод за статистика, стапката на наталитет во земјата е меѓу најниските во регионот. Во 2023 година, имало само 8,9 раѓања на 1.000 жители.

  • Овие типови проблеми не се нови за нашето општество или за семејството како едно од главните јадра на општеството, додека ова се должи и на проблемот со глобалната економска криза и продлабочувањето на јазот помеѓу горните и долните класи, или со други зборови, исчезнувањето на средната класа, што е глобален тренд, особено во нашата земја каде што социјалните политики не се правилно консолидирани или социјалдемократијата не е доминантна идеологија во општеството“, вели Мурат Алиу.

Според Државниот завод за статистика, просечната возраст на мајките при раѓањето на нивното прво дете постојано се зголемува и сега надминува 28 години. Околу 25 отсто од децата во нашата земја живеат во семејства кои се изложени на ризик од сиромаштија.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top