Македонија

Зеленски го понижи Трамп по договорот со Путин

Засега е нејасно како Трамп ќе одговори на дипломатската и воена шлаканица од Зеленски

Неколку часа по договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Рускиот претседател Владимир Путин офоцијален Киев јасно даде до знаење дека го одбива планот на Вашингтон.

Украина веднаш одговори на договорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин со масовен напад во кој беше запален извозниот терминал за нафтени деривати „NZNP Rostovsky“ во Ростов на Дон.

Украински беспилотни летала извршија масовен напад со околу 500 дронови во повеќе региони на Русија. Притоа, успешно беше погоден и запален клучниот извозен терминал за гориво во Ростов.

Со воената порака од Киев до високи украински функционери, како што пренесува Financial Times, отворено порачалр дека „ќе ги запалат руските рафинерии“ и дека немаат намера да ја прекинат својата асиметрична стратегија без оглед на притисоците од Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал билатерален договор со рускиот претседател Владимир Путин за увоз на руски дизел на американскиот и меѓународниот пазар. Целта на Трамп е брзо да ги намали цените на горивата за американските потрошувачи.

По објавата, Министерството за финансии на САД издаде општа лиценца со која се одобруваат трансакции со руски дизел до април 2027 година, а Русија веднаш почна предвреме да ги укинува сопствените домашни рестрикции за извоз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше овој потег, изјавувајќи дека „подароците за Путин нема да донесат мир“ и дека Украина била искористена само како параван додека САД зад грб преговарале со Москва.

Според медиумски извештаи, Трамп претходно во неколку наврати побарал од Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура бидејќи тие предизвикуваат глобален дефицит на дизел и ги креваат цените. Бидејќи Киев ги игнорирал овие барања, Белата куќа одлучила директно да дејствува преку договор со Кремљ.

Нападот во Ростов јасно покажува дека Украина одбива да се усогласи со енергетскиот пакт меѓу Трамп и Путин и продолжува да го деградира рускиот нафтен сектор, кој поради претходните напади веќе работи со само 60% од својот капацитет.

Засега е нејасно како Трамп ќе одговори на дипломатската и воена шлаканица од Зеленски.

Најнови вести од: Македонија

To top