Овој долгогодишен феномен доби своја апсурдна и парадоксална потврда токму под дебатната емисија на ТВ Алфа, во која гостуваа Матеја Петровски, Мери Симоновска и Иво Рангеловиќ.
Имено, додека во студиото се развивала дискусија за тоа како Македонците ретко ги коментираат бугарските медиуми за разлика од бугарските корисници кои се претерано присутни на нашиот простор со навредлива реторика, во коментарите под самата емисија се случил практичен пример.
Новинарот Драган Милосављевиќ сподели дека десетици бугарски корисници веднаш побрзале да напишат „демант“ со пораки од типот: „Не е точно, воопшто не ве коментираме“ и „Никој не се замара со вас“.
,,Зборуваме вчера во емисија со Mateja Petrovski, Мери Симоновска и Иво Рангеловиќ, дека за разлика од Македонците, кои ретко коментираат под емисии, вести и т.н на бугарски медиуми, бугарски граѓани во голема мерка се присутни на нашите мрежи со, многу често, навредувачки коментари. Дебата за ова е пожелна, секако, но внимавајте сега на “демантот”. Под емисијата во коментари еден Бугар пишува: Не е точно, воопшто не ве коментираме, неважни сте. Под него друг Бугар: Не си придавајте значење, не ни е гајле за вас. Трет Бугар: А бе што лажете, никој не се замара со вас. И така надолу, уште десетици коментари од Бугари. Под македонска емисија. Тврдат дека не коментираат. И така …”, пишува Милосављевиќ.
Со овој потег, бугарарските коментатори несвесно го потврдија токму она што беше кажано во емисијата — дека бугарското дигитално присуство и намерата за негирање на македонскиот медиумски простор се реални, масовни и секојдневни.
Сите коментари на овој линк
https://www.facebook.com/share/v/1C4ZHiBdR4/