Македонија

Филипче не кажува дали партизаните на 11 Октомври се кренале и против бугарскиот фашизам

Нападите на прилепскиот и кумановскиот партизански одреди биле против бугарски участоци но лидерот на СДСМ не кажува дали бугарската власт била фашистичка

Дали лидерот на СДСМ Венко Филипче меѓу редови порача дека македонското народно востание било кренато против бугарските фашисти или пак тој како неговиот партнер Зоран Заев смета дека во Македонија во втората светска војна фашисти биле само германските и италијанскитр а не и бугарските окупатори.

Од пораките кои по повод празникот ги упати Филипче не може да се заклучи цврсто ни едното ни другото.

Предходно неговиот партнер Заев тврдеше дека бугарските фашистички окупациони сили од 1941 до 1944 биле адмнистратори на Македонија.

,,Во предвечерието на 11 Октомври – Денот на народното востание, од Прилеп, градот во кој пукна првата пушка и започна организираната борба против фашистичкиот окупатор, испративме јасна порака – борбата за слобода, правда и достоинство продолжува!

Антифашизмот е нашиот темел, а борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска. Пред 85 години, нашите предци се кренаа против фашизмот, водени од вербата во слободата и желбата за подобра иднина. Денес, наша должност е да ги чуваме тие вредности и да продолжиме да се бориме за држава во која секој човек ќе живее достоинствено”, порача Филипче без да прецизира дека во Прилеп дошло до напад врз бугарска полициска станица која била дел од тогашните фашистички систем во Бугарија.

Иако во времето кога тој беше министер на Заев АСНОМ беше тргнат од уставот, Филипче вели дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба. Затоа и денес, кога граѓаните се соочувале со неправда, корупција, изолација и неизвесност, во СДСМ нема да молчат и нема да се помират со состојбите.

Лидерот на СДСМ во пораките за 11 Октомври прави нешто што ниту еден друг лидер на македонска партија не го наоравил до сега. Тој ја спореди фашистичката окупација од пред 85 години со владеењето на актуелна власт во Македонија.

,,Борбата за Македонија денес е борба за слобода, меѓусебно почитување и правда, борба против фашистичките методи на владеење, корупцијата и неправдата. Борбата за Македонија денес е борба за работниците, за подобар стандард, за подобар живот, за наставниците, за лекарите, за земјоделците, за младите, за пензионерите”, порачува Филипче кој очигледно не разбира колку греши кога вели дека бугарските окупатори се исти со владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според вчера објавената анкета на Маркет Вижн Филипче има 5 пати помал рејтинг од премиерот Христијан Мицкоски а неговата партија околу 3,5 пати помала доверба во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

To top