Македонија Регион

Српскиот пејач Аца Лукас го развиори бугарското знаме на концерт

Предходно за сличен потег на Цеца со бугарско знаме ја критикуваше својата колешка

Српскиот музичар Аца Лукас синоќа на концерт во Софија се покрил со бугарско знаме на кое пишува ,,Бугарија ја сака Србија” за време на свој концерт.

Настанот, кој според бугарските коментатори поминал во знакот на емоции и заедништво, е опишан како „магична ноќ исполнета со љубов и балканско братство“.

Според позитивни ликови во бугарското општество овој гест на публиката уште еднаш ја потврдил силната поврзаност и взаемната почит меѓу фановите од целиот Балкан, кои преку музиката ги надминуваат сите граници.

Предходно Аца Лукас поинаку го коментараше скандалот на неговата колешка Цеца Ражнатовиќ.

Имено, Цеца претходно предизвика огромен гнев и негативни реакции кај македонската јавност кога на својот концерт во Велес излезе на сцената и развеа бугарско знаме.

Аца Лукас јавно ја коментираше оваа постапка за медиумите, изјавувајќи дека тоа што го направила Цеца е „многу лош гаф, катастрофа“ и дека реакцијата на македонскиот народ била целосно оправдана.

Во Македонија се забележани два позначајни инциденти поврзани со српскиот пејач Аца Лукас: апсењето во Кавадарци во ноември 2025 година и сообраќајната несреќа кај Битола во август 2026 година.

Во Кавадарци полицијата го прекина настапот и го привде Аца Лукас за време на негов концерт во локал во Кавадарци.
Според информациите од МВР, причината била непријавен ангажман („пеење на црно“), сериозни безбедносни пропусти и пречекорување на капацитетот на локалот (наводно имало околу 700 лица во простор предвиден за 200).
Концертот бил итно прекинат, а локалот заработил серија пријави од надлежните служби.
Лукас по инцидентот упати неприфатливи коментари за македонските власти кои му порачаа дека како секој друг ќе мора да го почитува законот.

Во Август годинава Аца Лукас доживеа сообраќајна несреќа во Македонија пред неговиот закажан настап во Битола.
На возилото му била целосно уништена шофершајбната од силата на ударот.
Последици: Концертот што требало да се одржи вечерта бил преместен за следниот ден.

Најнови вести од: Македонија Регион

To top