Хроника

Две лица од Македонија казнети во Бугарија за пребрзо возење кон ГП „Ѓуешево“

Обајцата добија забрана за управување автомобил од два месеца, а возилата ќе им останат еден месец на полициски паркинг

Двајца возачи од Македонија се сопрени и санкционирани во Бугарија за „пребрзо возење – над 40 км/ч во населено место и над 50 км/ч надвор од населено место“ кон граничниот премин „Ѓуешево“ на бугарско-македонската граница.

Помладиот од нив, 22-годишен возач на „сеат леон“, го управувал возилото со 102 км/ч, а 36-годишен возач на „шкода“, државјанин на САД, возел со 100 км/ч.

Обајцата се спроведени од сообраќајната полиција до секторот „Патна полиција“ во Ќустендил, кадешто им е изречена забрана за управување „моторно превозно средство“ во траење од два месеца и отстранување на автомобилите од сообраќај во траење од еден месец. Возилата се оставени на паркингот на Окружната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Ќустендил.

Покрај двајцата Македонци, идентично поминал и 60-годишен државјанин на Србија, кој во селото Грлјано возел автомобил „лотус“ со брзина од 99 км/ч.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top