Спорт

Македонскиот фудбал влегува во нова ера !

Македонската фудбалска елита од петок влегува во нова ера со официјалното воведување на ВАР-технологијата, која за првпат ќе се применува во домашниот шампионат.

facebook.com/ffm.mk

Македонската фудбалска елита од петок влегува во нова ера со официјалното воведување на ВАР-технологијата, која за првпат ќе се применува во домашниот шампионат.

Сепак, според информациите од ФФМ, не сите клубови се подготвени за оваа иновација. Масар Омерагиќ, еден од челниците на македонскиот фудбал, истакна дека стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува минималните услови за користење на ВАР, иако клубот бил навремено известен и имал техничка поддршка од федерацијата.

„Шкупи не ги исполни своите обврски – не се поставени платформите за камерите, ниту е обезбедена климатизирана просторија, што беше јасно нагласено уште одамна. Затоа, нема да добијат дозвола да играат на стадионот во Чаир и ќе мора да најдат алтернативно решение“, изјави Омерагиќ на денешната презентација на системот.

Од оваа сезона, сите натпревари во Првата лига ќе се играат исклучиво на стадиони технички подготвени за ВАР, услов што клубовите мораа да го исполнат пред почетокот на првенството. Според ФФМ, сите останати стадиони се подготвени за примена на видео технологијата.

Шкупи во првото коло гостува кај Шкендија во Тетово, но веќе во второто коло, кога треба да биде домаќин, ќе мора да игра на друг, соодветен стадион.

Најнови вести од: Спорт

Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина на натпреварот во Куманово

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во […]

To top