Македонија

Силјановска-Давкова: Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам

Претседателката реагира за скандалозното скандирање на трибините и во Скопје по тоа во Куманово

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова реагира за ненаучената лекција со скандалозните скандирања на навивачите на спортските терени во Македонија последниве неколку дена.

Ненаучена лекција

Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен.
Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините.
Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна.
Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам.
Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, порача Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top