Царинската управа го пресече обидот за криумчарење на скапи лекови на граничниот премин Богородица.
При контролата се пронајдени 29 вијали од лекот „Xgeva“ во вредност од 336.000 денари, сокриени во кутија за прва помош во автобус.
Мобилниот тим од Одделението за оперативни работи, покрај вијалите, пронашол и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети.
Лековите биле пренесувани без почитување на пропишаните процедури за увоз и транспорт.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава.
Од Царинската управа наведуваат дека од почетокот на годинава се запленети над 30.000 парчиња лекови во случаи поврзани со криумчарење.
Истовремено предупредуваат дека неконтролираниот увоз и несоодветниот транспорт на лекови претставуваат сериозен ризик за здравјето на граѓаните.