Унгарија ја блокира следната фаза од пристапувањето на Украина и на Молдавија во Европската унија, објави „Киев индепендент“.
На состанокот на технички експерти од сите 27 земји-членки на ЕУ, Будимпешта одби да одобри отворање на последните два преговарачки кластери, кои опфаќаат земјоделство, екологија и транспорт.
Според европски дипломат, унгарската страна дури и не ги објаснила причините за своето одбивање.
Слични блокади од Будимпешта имаше и во јуни и во септември годинава, кога Унгарија не даде согласност за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина.