Министерот за транспорт, Александар Николоски, на социјалните мрежи објави видо-снимка од текот на работите на автопатот Кичево-Охрид.
„Интензивно продолжуваат работите на автопатот Охрид – Кичево, еден од најзначајните и најсложените инфраструктурни проекти во Македонија, порача вицепремиерот.
„Чекор по чекор се приближуваме до реализација на автопатот Охрид – Кичево!“, објави Николоски, посочувајќи дека проектот влегува во завршна фаза.