Македонија

Мајката на Ѓоко Ристов ги напишала ливчињата пронајдени со парите

Вештакот анализирал пет документи, меѓу кои и три хартиени ливчиња со рачно испишани цифри

Вештото лице Емилио Фришчиќ, специјалист за испитување спорни документи, денеска пред судот изјави дека обвинетиот Ѓоко Ристов со сигурност е исклучен како автор на ракописите што биле предмет на графолошко вештачење.

Фришчиќ објасни дека анализирал пет документи, меѓу кои и три хартиени ливчиња со рачно испишани цифри.

Според материјалите од Обвинителството и дигиталните докази, тие биле пронајдени во полиетиленски кесички, во три одделни снопа пари.

Според вештакот, спорните ракописи и цифри не се идентични со ракописот на обвинетиот и не биле напишани со неговата рака.

„Согласно мислењето на кое останувам, Ѓоко Ристов е елиминиран со сигурност како можен скриптер“, посочи Фришчиќ, објаснувајќи дека категоријата „сигурност“ е највисок степен на заклучок во неговото вештачење, над степенот на веројатност.

На прашањето кој ги напишал спорните текстови, вештакот ја посочи мајката на обвинетиот, Донка Ристова.

„Останувам на тоа мислење дека таа е таа која ги има напишано“, рече Фришчиќ.

Во текот на испитувањето било отворено и прашањето дали при пишување на хартија остануваат биолошки траги што би можеле да бидат предмет на ДНК-анализа. Вештакот објасни дека при допир на кожата со хартијата постои голема веројатност да останат епителни клетки, кои подоцна можат да се анализираат.

Сепак, нагласи дека тоа не се случува во секоја ситуација и дека, доколку лицето немало допир со хартијата, не би оставило такви траги.

Во однос на потеклото на документите, Фришчиќ појасни дека трите ливчиња биле дел од три снопа банкноти, но дека тој лично не присуствувал на местото каде што биле пронајдени.

Неговите сознанија се темелат на материјалите што му биле доставени за вештачење, според кои парите биле пронајдени при претрес.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top