На почетокот на следната недела од Европската Унија пристигнуваат вакцините против болеста овча сипаница, која досега предизвика угинување на околу 10 илјади овци низ земјава.
Веднаш по пристигнувањето, вакцините ќе бидат распределени во ветеринарните амбуланти низ целата територија на Македонија, со што ќе започне масовна вакцинација. Оваа мерка е клучна за да се спречи ширењето на болеста и, што е особено важно, да не дојде до забрана за извоз на македонското јагнешко месо на пазарите на Европската Унија.
Во изјава за Канал 5 зборува еден од најзаслужните за навременото обезбедување на вакцините и заштитата на сточарството и извозот, директорот на Агенцијата за храна и ветерина, Оливер Миланов.
Агенцијата за храна и ветерина со брза реакција обезбеди поддршка од ЕУ во критичен момент за македонските сточари.