Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

 

Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот, оцени во синоќешното гостување на МРТ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој вели дека Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери.

„По однос на САД и Европа таа дилема сега се отвора затоа што имаме малку поразлични номенклатури на една или на друга страна, но во суштина ако гледате европскиот економски успех и демократија не би бил толку напреден и можен да ја немал американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години.

Значи тоа е сепак една заедничка маса која ја држат четири заеднички ногарки, две се на Европа, а две се на САД и тоа е неразделно.

И затоа сметам дека Македонија може да настапува на начин којшто ќе биде компатибилен и со развивање на стратешкото партнерство преку овие дијалози за стратешко партнерство и со политичките конекции со Европа, со некои земји со Германија, Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, регионот, рече Милошоски.

Милошоски посочи дека Македонија покажува високо ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, што се потврдува и со податоците за гласање по резолуции, декларации и други акти во Обединетите нации во периодот од 2024-2026 година.

„Македонија има навистина многу добро досие, зборам во однос на ЕУ и еве баш имам една статистика за гласањето по одредени резолуции и декларации или акти во ОН. Македонија само 6 пати од 2024-2026, гласала исто како и САД, а спротивно на мнозинството членки на ЕУ во момент кога ЕУ немала заеднички став.

Во спротивен случај сме гласале како мнозинството земји-членки на ЕУ кога немале консензус, а различно од САД, 148 пати. Значи се гледа дека нашата политика кога ЕУ има утврдена заедничка надворешна безбедносна политика, нашиот глас е придружен на ЕУ како целина, кажа Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top