Македонија

Дебакл на бугарската антимакедонска политика во Македонија

Само 265 од над 3.500 декларирани Бугари во Македонија се пријавиле да гласаат на бугарските претседателски избори

Дали и Бугарите во Македонија и праќаат порака на официјална Софија дека не даваат поддршка за ваквото однесување кон Македонците.

Граѓаните на Бугарија кои живеат во Македонија денеска ќе можат да гласаат на претседателските избори во Бугарија на седум определени гласачки места низ земјата. Пријави за гласање поднеле 265 бугарски државјани.

Оваа бројка е особено интересна кога ќе се спореди со последниот попис од 2021 година, кога 3.504 лица во Македонија се изјасниле како Бугари. Тоа значи дека само околу 7,6 проценти од нив се пријавиле да гласаат на бугарските претседателски избори.

На претходните парламентарни избори во Бугарија одржани во април 2026 година, во Македонија гласаа вкупно 463 бугарски државјани.
Интересот за гласање бележи постојан пад.

За споредба со претходните изборни циклуси, излезноста во Македонија постојано се намалува:

• Октомври 2024: 327 гласачи
• Јуни 2024: 340 гласачи
• Април 2023: 453 гласачи
• Октомври 2022: 461 гласач

Официјалните бројки и конечни извештаи за сите изборни циклуси во странство се објавуваат на веб-страницата на Централната изборна комисија на Бугарија (ЦИК).

Со овие бројки остануваат отворени повеќе прашања меѓункои и каде се останатите декларирани Бугари?

Дали со малата излезност, обичните Бугари во Македонија кои не се платени од Софија, не ја препознаваат бугарската политика како своја или сакаат на Радев и Јотова сакаат да им порачаат дека антимакедонската политика на Софија е контрапродуктивна за односите меѓу двата народи.

Најнови вести од: Македонија

To top