Македонија

Тезата за македонски ,,Српски свет” е на бугарски врховисти за кои во Македонија е српско се што не е бугарско

Бугарската врховистичка политичка елита се обидува да наметне теза дека во Македонија сѐ што не е бугарско е српско

Автор на тезата дека Македонија е дел од некаков замислен ,,Стапки свет” е на бугарската врховистичка политичка елита која се обидува да наметне теза дека во Македонија сѐ што не е бугарско е српско.

 

Ова во интервју за проектот Само прашај на Македонскиот институт за медиуми го открива заменикот министер за надворешни работи на Македонија Зоран Димитровски.

 

Во интервјуто за ,,Само прашај” Димитровски вели дека не гледа закана од Белград затоа што Македонија има свои приоритети и национални интереси

Разговорот со заменикот министер за надворешни работи Зоран Димитровски е за наводите во извештајот на Томас Вајц во Европарламентот за постоењето на некаков „српски свет“ во Македонија, кои ја вжештија дискусијата на домашен план.

Тој смета дека нема сериозна аргументација за наводното српското влијание и дека напротив нашата држава „извезува македонски свет“.

Македонија, вели тој, целосно ја има усогласено својата надворешна политика со ЕУ кон Украина, членка е на НАТО, и не отстапува од курсот за евроинтеграција и оттука нема допирни точки со политиката на Белград.

 

На прашањето зошто во извештајот на Томас Вајц се вели дека во Македонија има српско влијание и српски свет Димитровски дава објаснување за целата бугарска операција која треба да фрли сенка на македонската позиција во ЕУ.

 

,,За жал, таму ја има и формулацијата „српски свет“ која беше создадена пред неколку години после настапите на српскиот министер Вулин кој говореше за тоа. Мислам дека таа формулација за српски свет и за некакво српско влијание е ставена на барање на неколку бугарски европратеници, а Вајц ја прифатил, со идеја да го балансира делот каде што во четири места во извештајот првично беше споменат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, и можеби малку несмасно и тактички да го избалансира сето тоа. Инаку, автор на таа идеја дека во Македонија има српско влијание и дека сме ние дел или треба да бидеме дел од некаков српски свет, е условно речено бугарската врховистичка политичка елита која се обидува да наметне теза дека во Македонија сѐ што не е бугарско е српско. И тоа е идеја уште од времето на Санстефанска Бугарија. Во суштина бугарската и научна и политичка елита не може да прифати никаков македонски свет и никаков македонизам. Таму интензивно се работи на бугарски свет – официјална Софија, како што знаете, се обидува да пронајде и да регрутира етничко бугарско малцинство во Албанија, на Косово. Тоа е автентичен бугарски свет како што тие сакаат да го направат. Бидејќи Македонија отстапува од таа нивна матрица тогаш, тоа се припишува на Белград дека ние сме наводно дел од српскиот свет и остануваме заробени во таа српска матрица”, вели меѓу другото Димитровски во интервјуто.

 

Целото интервју на Само прашај

Дел од интервјуто во видео

 

Фото Принт скрин Јутјуб Само прашај

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Законот за минималец од 500 евра повторно во Собранието

Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко, вели опозицијата и додава дека цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа.

ДИК ги усвои роковите за локалните избори

Претседателот на ДИК рече дека од денот на распишување на изборите, ДИК ќе достави писмено барање до МВР за ажурирање на Избирачкиот список, а за 48 часа МВР треба да достави податоци. Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид од 23 август до 11 септември на полноќ.

To top