Македонија

Потврдена бугарската политичка катастрофа во Македонија

Глссал само секој четиростоти носител на бугарски пасош од Македонија или 0,176 проценти

На претседателските избори во Бугарија одржани на 25 октомври 2026 година, во Македонија гласале вкупно 352 бугарски државјани.

Гласањето се одржа на седум избирачки места: во Скопје (амбасада, 105 гласачи), Охрид (51), Битола (конзулат, 49), Струмица (44), Кавадарци (39) и по 32 во Кочани и Прилеп.

Гласањето се одвиваше на седум изборни места низ земјата. Според податоците од медиумите претходно за гласање електронски се пријавиле 265 граѓани, но конечната бројка на излезени гласачи изнесуваше 352 бидејќи постоеше можност за запишување на самото место.

Најмногу од гласовите во Македонија (околу 40,7%) освоила претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев.

Овој одзив бележи пад во споредба со претходните парламентарни избори во Бугарија од април оваа година, кога во Македонија гласаа 463 бугарски државјани.

Процентот на декларирани Бугари во Македонија односно од околу 3500 гласале само 352 што претставува 10,6 проценти или само секој десетти.

Со ова уште еднаш се потврдува бугарската политичка катастрофа во Македонија каде што освен неколку стотина Бугари кои се дел од бугарски дежавни проекти не сакаат воопшто да учествуваат во поддршка на било која политика.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top