Бизнис

Државата преговара за поевтин гас, наскоро ќе се знае дали горивата ќе поскапат

Во однос на природниот гас, Божиновска рече дека ЕСМ има обезбедено количини за ноември, а паралелно води преговори за подолгорочно снабдување по пониски цени. 

Од Владата уверуваат дека производството на електрична енергија во земјава е стабилно, а ЕСМ преговара за долгорочно снабдување со гас по поконкурентни цени. Паралелно, новите цени на горивата се очекуваат в понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја објави својата одлука. Министерката за енергетика, Божиновска, која присуствуваше на отворањето на Саемот за енергетика, технологија и иновации „Енерго технома 2026“, рече дека Владата ги следи движењата на цените на енергенсите и презема мерки за да го заштити стандардот на граѓаните.

  • Производството на струја е стабилно. ЕСМ се грижи за сигурно снабдување на граѓаните. Ги следиме на дневна основа и цените на гасот, а ЕСМ е веќе во преговори за подолгорочно и поконкурентно снабдување, по пониски цени – изјави Божиновска.

Во однос на цените на бензините и дизелот, министерката порача дека треба да се почека одлуката на РКЕ. Таа нагласи дека барањата и пресметките што ги доставуваат компаниите не значат дека толкав ќе биде и конечниот раст на цените.

  • Ве замолувам да ја почекаме одлуката на Регулаторна, да видиме на крај каква ќе биде нејзината одлука и колку ќе има поскапување, ако има – рече Божиновска.

Таа потсети дека попустот на ОКТА за горивата сè уште важи и треба да трае до следната недела. Според неа, Владата во изминатиот период неколкупати ги намалила акцизата и ДДВ, додека ОКТА давала попусти од два или три денари по литар во периоди од по две недели. Министерката најави дека по истекот на актуелниот попуст ќе се анализираат цените и ќе се одлучува за следните чекори. Во однос на природниот гас, Божиновска рече дека ЕСМ има обезбедено количини за ноември, а паралелно води преговори за подолгорочно снабдување по пониски цени. Таа најави дека ќе се разгледуваат и можностите за субвенции, откако ќе се проценат финансиските импликации. Министерката очекува и ЕВН во наредниот период да го објави тендерот поврзан со снабдувањето.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се разгледаат и да се изанализираат сите предлози

Идејата да се плаќаат вработените по работен час, што ја изнесе Сојузот на стопански комори, е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Владата искажува став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи.

To top