Бројот на жртви во падот на хеликоптер на ЕУФОР во близина на Брчко се искачи на четири, изјави градоначалникот на Брчко Синиша Милиќ, наведувајќи дека добил потврда од болницата.
Повредени се 11 лица, а нема цивилни жртви.
Се урна транспортен хеликоптер CH-47 Chinook, кој им припаѓаше на италијанските сили во ЕУФОР.
ЕУФОР потврди дека се случила несреќа во која бил вклучен нивен хеликоптер.
„ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случила несреќа во која се урна едно од нашите летала“, се вели во соопштението, во кое се додава дека во оваа несреќа не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила и оти нема повредени цивили.
„ЕУФОР спроведува целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објави повеќе информации кога ќе се утврдат фактите и кога ќе биде соодветно“, се вели во соопштението.