Македонија

Ивановиќ: Црна Гора со силна поддршка за Македонија

Црна Гора ќе биде силна поддршка на Македонија во нејзиниот процес на евроинтеграција затоа што сметаме дека ЕУ не може да биде комплетна без земјите од регионот

Црна Гора се залага процесот на проширување во Европската унија да биде врз основа на заслуги. Црна Гора ќе биде силна поддршка на Македонија во нејзиниот процес на евроинтеграција затоа што сметаме дека ЕУ не може да биде комплетна без земјите од регионот, изјави вицепремиерот задолжен за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Ивановиќ, кој е во дводневна работна посета на земјава, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, рече дека Црна Гора е предводничка во евроинтегративниот процес од државите во регионот и очекува во 2028 година да стане полноправна членка.

– Членството не значи излез од регионот, туку поддршка и за останатите држави од регионот и нивно членство. Црна Гора се залага процесот на проширување да биде по заслуги и ЕУ не може да биде комплетна без сите држави од регионот. Затоа многу брзо кога Црна Гора ќе стане полноправна членка на Европската унија ќе биде силна поддршка и на Македонија во нејзиниот процес на евроинтеграција со желба што побрзо да се најдеме заедно таму – порача Ивановиќ.

Двајцата вицепремиери констатирале дека политичката соработка меѓу државите е одлична, без отворени прашања, што остава простор за соработка на сите останати полиња. Разговарале и за интензивирање на економската соработка и договориле следната година да се одржи бизнис форум на компаниите од двете држави.

Во однос на патната инфраструктура, разогварано е за поврзување со пристаништето Бар во Црна Гора, што според вицепремиерот Николоски, ќе се реализира преку веќе започнатата изградба на автопатот Скопје – Блаце.

– Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме одлично поврзување и со пристаништето во Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку три пристаништа – рече Николоски.

Двајцата вицепремиери се согласни дека најновите политички случувања во Србија не би требало да влијаат врз реализацијата на стратешките проекти.

– Најдобар доказ дека промената на власта не влијае на овие големи проекти е она што ќе се случи во декември. Без разлика што се промени власта во Унгарија, на 13 декември стартува брзиот воз којшто оди од Белград преку Будимпешта до Виена така што тоа се проекти коишто се стратешки приоритет во регионот и очекувам во таа насока и новата влада во Србија да продолжи да ја развива инфраструктурата затоа што Коридорот 10 е природен спој за нив до Егејското море и не верувам дека би се откажале од тоа- рече Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top