Македонија

(Видео): Проширувањето треба да биде врз основа на заслуги, Црна Гора силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

Црна Гора, како предводник во преговорите, очекува да стане полноправна членка во 2028 година.

Црна Гора ќе биде силен поддржувач на Македонија во процесот на евроинтеграција, оти Европската Унија не може да е комплетна без сите земји од регионот. Ова го порача вицепремиерот за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ, за време на работната посета на земјава. На прес-конференција со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, Ивановиќ рече дека Подгорица се залага проширувањето на ЕУ да биде по заслуги.

  • „Кога Црна Гора ќе стане полноправна членка на Европската унија ќе биде силна поддршка и на Северна Македонија во нејзиниот процес на евроинтеграција, со желба што побрзо да се најдеме заедно во европското политичко семејство. Македонија може да биде сосема сигурна дека во Црна Гора ќе има доверлив партнер“, истакна Ивановиќ.

Двајцата вицепремиери потврдија дека меѓусебните политички односи се одлични и без отворени прашања, што отвора широк простор за продлабочување на економските и инфраструктурните врски. Во однос на патната инфраструктура, рекоа дека е разогварано за поврзување со пристаништето Бар во Црна Гора, што според вицепремиерот Николоски, ќе се реализира преку веќе започнатата изградба на автопатот Скопје – Блаце.

  • „Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме одлично поврзување и со пристаништето во Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку три пристаништа“, рече Николоски.

Црна Гора, како предводник во преговорите, очекува да стане полноправна членка во 2028 година. Двајцата вицепремиери потврдија дека меѓусебните политички односи се одлични и без отворени прашања, што отвора широк простор за продлабочување на економските и инфраструктурните врски.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Најнови вести

To top