Свет

Ердоган го кандидираше шефот на ОБСЕ за генерален секретар на ОН

Турција официјално го номинираше поранешниот министер за надворешни работи и актуелен генерален секретар на ОБСЕ Феридун Синирлиоглу за функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

epa12493389 Turkish President Recep Tayyip Erdogan looks on during a joint press conference with German Chancellor Friedrich Merz (not pictured) at the Presidential Palace in Ankara, Turkey, 30 October 2025. EPA/NECATI SAVAS

Турција официјално го номинираше поранешниот министер за надворешни работи и актуелен генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Феридун Синирлиоглу за функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

Постојаниот претставник на Турција во ОН, Ахмет Јилдиз, за ​​агенцијата Анадолу изјави дека до Претседателството на Генералното собрание на ОН е испратено официјално писмо со кое се поднесува кандидатурата на Синирлиоглу. Јилдиз рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја поддржал номинацијата поради квалификациите, способностите, меѓународното искуство на Синирлиоглу и довербата што ја има во него.

Најнови вести од: Свет

To top