Македонија

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“

Од 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за риболов на реката Треска во Скопје. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

ЈУ Национален парк „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од 1 ноември 2026 година завршува сезоната за спортски риболов на сите води во рамките на Националниот парк. Забраната за риболов ќе трае до 31 јануари 2027 година, а новата сезона ќе започне на 1 февруари 2027 година и ќе трае до 31 октомври 2027 година.

Од Националниот парк ги повикуваат сите спортски риболовци и посетители да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд, заштита на водните екосистеми и одржување на природната рамнотежа. Воедно, од установата упатија благодарност до риболовците за досегашната соработка, почитувањето на законските одредби и поседувањето уредна документација, риболовни дозволи, легитимации и соодветна опрема.

Посебна благодарност упатија за соработката за време на Светското крапско првенство, при што, како што наведуваат, риболовците покажале високо ниво на разбирање кон организаторите, партнерите и вработените во секторот за заштита на паркот. Од ЈУ Национален парк „Маврово“ им се заблагодарија на сите риболовци и посетители за разбирањето и соработката, повикувајќи ги и понатаму да придонесуваат во зачувувањето на природните богатства на паркот.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

To top