Македонија

Манасиевски: Во Брвеница победи национализмот и етничката припадност

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ го почитува резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак Брвеница нема да биде заборавена. Владата предводена од премиерот Мицкоски ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница, изјави синоќа портпаролот на партијата Валентин Манасиевски по изборите за градоначалник на Општина Брвеница.

Манасиевски се заблагодари за секој даден глас за кандидатот на партијата Радичевски, наспроти како што рече поделбите од страна на ДУИ директно и индиректно поддржава во вториот круг од СДСМ, политичката партија Левица и Вреди.

„Додека ние ја потенциравме силата на единството за една Брвеница за сите нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори граѓаните Македонци и Албанци ќе очекуваат птоекти, а не национализам, ќе очекуваат резултати а не демагогија од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

Премиерот за Брвеница: Судир меѓу програма и етничка реторика

За нас резултатот е повеќе од одличен затоа што споредено со последите парламентарни избори имаме 1.300 гласови повеќе иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови – рече Манасиевски.

Тој кажа дека во првиот круг од локалните избори апсолутно ги декласирале нивните директни опоненти СДСМ и политичката партија Левица кои беа на 4-то и 5-то место на изборите.

„Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ исто како што се покажа дека кандидатите на СДСМ и Левица беа тројански коњ во корист на Демократската унија за интеграција за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите“, рече Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

To top