Македонија

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова побара суштински дијалог и еднаков третман за Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи дека политичката волја за надминување на долгогодишниот застој треба да доаѓа од двете страни. На Самитот за проширувањето на ЕУ во Брисел, во организација на Јуроњуз, таа потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од 1992 година, според кое Словенија и Македонија ги исполнувале условите за меѓународно признавање. Според неа, разликата во нивниот европски пат по повеќе од три децении укажува на недостиг од политичка волја кај одредени соседи.

Во однос на уставните измени, Сиљановска-Давкова изјави дека по Преспанскиот договор во 2018 година, на граѓаните им било претставено дека промената на уставното име е последната пречка за европска интеграција. Таа оцени дека новите барања за промена на Уставот не даваат гаранција за напредок и нагласи дека одлуката е во надлежност на Собранието, а легитимитетот произлегува од граѓаните. Претседателката порача дека Македонија очекува да биде третирана според истите правила и стандарди како и другите земји кандидатки, вклучително и рамноправно учество во подготовките за пристапните преговори.

Како можност за придвижување на процесот, таа ја посочи постепената интеграција преку пристап до единствениот пазар, дигитализацијата и други европски политики. Таа истакна дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и има јасна евроатлантска определба како членка на НАТО (Организација на Северноатлантскиот договор). Во врска со реформите, таа оцени дека постојат капацитети за напредок во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, но потребни се внатрешна политичка волја и поддршка од Унијата. Сиљановска-Давкова, исто така, потврди дека ќе продолжи да се залага за дијалог со Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на средбата со шефот на Директоратот за проширување на ЕК Копман: Потребни се чекори за забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички […]

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки. „Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, […]

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Најнови вести

To top