Македонија

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки. „Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, […]

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки.

„Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, огранок на еден од црногорските криминални синдикати, упатува закани кон ’успешни‘ луѓе низ цела Србија, главно бизнисмени и луѓе што имаат пари. Пораките гласат вака: ’Добровечер, господине, нема да го спомнам името, ве молиме стапете во контакт со нас, вашите ’пријатели‘ од Врачар. Можеме да разговараме како цивилизирани луѓе, или пак да го прескокнеме разговорот и да влеземе во војна.‘ Пораката продолжува: ’Кога лицето ќе одговори: ’Но, јас не знам кои сте вие‘, тие возвраќаат: ’Слушај ваму, копиле едно, подобро најди еден милион евра, инаку ќе ти го пресечеме грлото.‘ Значи, како што гледате – ’инаку ќе ти го пресечеме грлото‘. Тоа е пораката што моментално кружи низ цела Србија“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Тој додаде дека „тие упаѓаат во деловни објекти – во Ниш, Аранѓеловац, Белград, Нови Сад, Суботица – насекаде“.

„Тие упаѓаат во белградските ресторани и изнудуваат луѓе, сето тоа под превезот и заштитата на некаква ’студентска листа‘. Се појавуваат и велат: ’Ние сме победниците; ние сме студентската листа‘. Во исто време, други, кои можеби би сакале да кажат: ’Не, тоа не сме ние; тоа се само криминалци‘, упаѓаат во Полициската управа и во Министерството за внатрешни работи, поставувајќи незаконски барања. Истовремено, инсистираат полициски службеници да чуваат контејнер за ѓубре, иако не е пронајден ниту еден исечкан документ. Значи, да повторам: ги ангажираме сите наши полициски сили да чуваат контејнер, во кој наводно има исечкани документи, а досега не е пронајден ниту еден таков документ. Во меѓувреме, криминалците ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија“, рече Вучиќ.

„Макфакс“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на средбата со шефот на Директоратот за проширување на ЕК Копман: Потребни се чекори за забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички […]

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Најнови вести

To top