Бизнис

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“ АД Битола кон Србија по 26 октомври изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката поврзани со нивното работење, меѓу кои и плаќања за увоз на стоки. Не се евидентирани милионски трансфери, ниту податоци што би ги потврдиле тврдењата за такви одливи и перење пари. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостувањето во емисијата „Топ тема“, осврнувајќи се на обвинувањата за наводни одливи на средства од „АЛТА банка“ и сомневањата за перење пари.

  • „Вкупните одливи кон клиенти во Србија изнесуваат 180.000 евра. Повторувам, станува збор за редовни плаќања преку „АЛТА банка“ Битола кон Србија. Ги проверивме трансакциите и станува збор за плаќања поврзани со редовното работење на клиентите на Банката, меѓу кои и мали бизниси во земјава коишто увезуваат стока. Од друга страна, приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат само 16.000 евра. Значи, нема милионски трансфери, нема такви одливи, ниту податоци за перење пари“, истакна гувернерот Славески.

Тој појасни дека податоците се однесуваат на периодот по 26 октомври, односно по завршувањето на изборите во Србија и дека Народната банка ги проверила трансакциите што се однесуваат на плаќањата кон и од Србија. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Најнови вести од: Бизнис

Азески на регионален бизнис-форум: Го поврзуваме стопанството и градиме партнерства

Во рамки на Форумот, се потпиша и Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Војводина, за кој претседателот Азески вели дека  не е само уште еден е протоколарен чин.

Славески: Со приклучување кон клонот на ТИПС, правиме уште еден историски чекор во модернизацијата на домашниот платен систем

Гувернерот нагласи дека Народна банка останува посветена на натамошна модернизација на домашната платежна инфраструктура преку развој на дополнителни дигитални услуги врз инфраструктурата за инстант плаќања, кои ќе овозможат поедноставно и подостапно прифаќање на инстант плаќањата, особено од страна на трговците и малите бизниси, ќе ја поддржат дигитализацијата на приватниот и на јавниот сектор и ќе создадат услови за нови пазарни иновации.

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување

Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа иницијатива. За полесен пристап до стручни совети, бесплатните консултации отсега може да се закажат и онлајн, преку веб-страницата на „Реплек“

To top