Македонија

Се подготвува исплата на пензиите без картички, можно е еднократно подигнување до 20.000 денари

Роковите за преземање на следните чекори се кратки, бидејќи брзината на постапување е особено важна за изнаоѓање соодветно решение за Банката.

Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Народната банка навремено реагираше со воведувањето привремена администрација во АЛТА банка АД Битола, како заштитна мерка со времетраење до три месеци, во согласност со законската регулатива. Тимот на Народната банка, којшто е присутен во Банката, континуирано ја следи состојбата и функционирањето на банкарските услуги, вклучително и на банкоматите. Посебно внимание се посветува на изнаоѓањето соодветни решенија за граѓаните коишто немаат платежни картички.

  • „Од вкупно 11.500 пензионери коишто примаат пензија преку Банката, околу 3.500 немаат платежни картички. За нив подготвуваме посебно решение за исплата преку шалтер. Целта е да им овозможиме полесен пристап до нивните средства, а јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат утврдени сите потребни детали“, посочи гувернерот Славески.

Во оваа насока се разгледува и можноста, исклучиво за пензионерите без платежни картички, да се овозможи еднократно подигнување до 20.000 денари, со цел да се избегнат повеќекратни посети на шалтерите и да им се олесни располагањето со средствата. Во однос на работењето на правните лица коишто имаат сметки во АЛТА банка АД Битола, согласно со воведените мерки, тие можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на Банката, кон сметките на други правни и физички лица, без ограничување на износот. Преносите на средства надвор од Банката се привремено ограничени.

  • „Народната банка ги разгледува и можните решенија за компаниите коишто имаат средства на сметки во Банката, а треба да ги исплатат платите на вработените и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, имајќи предвид дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15-ти во месецот“, истакна гувернерот. Тој посочи дека Народната банка континуирано ја следи состојбата, а воведените ограничувања ќе се разгледуваат во согласност со развојот на настаните. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни промени и донесени одлуки.

Во рамките на натамошните активности, Народната банка испратила известување до надлежниот регулатор во Србија, со барање во рок од три дена да се произнесе дали АЛТА банка а.дЧ Белград ќе ги понуди на продажба акциите во АЛТА банка АД Битола.

  • „Без разлика дали ќе добиеме одговор од регулаторот, по истекот на десет дена Народната банка ќе ги понуди акциите на АЛТА банка АД Битола на Македонската берза. Постои интерес од неколку потенцијални инвеститори, од земјата и од странство, за преземање на акциите на Банката. Постапката за евентуална продажба ќе се спроведе во согласност со законската регулатива и надлежностите на Народната банка. Целта е да се обезбеди избор на соодветен инвеститор којшто ќе ги исполнува законските и супервизорските критериуми за стекнување квалификувано учество и ќе придонесе за долгорочна стабилност и непречено работење на Банката“, истакна гувернерот.

Славески нагласи дека роковите за преземање на следните чекори се кратки, бидејќи брзината на постапување е особено важна за изнаоѓање соодветно решение за Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на интересите на клиентите и одржување на стабилноста на банкарскиот систем.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Воената академија се дистанцира од контроверзните лични ставови на Петар Богојески и ќе ги разгледува, можни се мерки против него!

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје официјално одговори на иницијативата поднесена од уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, во врска со јавните настапи и контроверзните ставови на доц. д-р Петар Богојески. Од институцијата потврдуваат дека доставените иницијативи и материјали ќе бидат упатени на разгледување до надлежните тела, кои ќе утврдуваат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски. Ова го објави порталот „Лидер“.

Најнови вести

To top