Македонија

50 години Карпош – Пулсот на градот

Денес кога го одбележуваме јубилејот, гледаме напред во наредните 50 години исполнети со многу нови проекти, подобри услови за живот, соживот и почит кон секого и светла иднина за сите. Честит 50-ти роденден Карпош.

Педесет години раст, промени, предизвици и успеси. Педесет години приказна за општината која од деценија во деценија се развива и го менува своето урбано лице, градејќи подобра средина за живот за своите жители. Грижата за најмладите е инвестиција во иднината! Нови и обновени училишта и детски градинки, подобрени услови за растење, учење и воспитување, иновативни и модерни содржини за учениците, стипендии за поттикнување на нови знаења и успеси. Инвестираме во образованието како темел врз кој растат новите генерации на Карпош. Младите се наш адут! Преку отворањето на Младинскиот центар Карпош создадовме простор во кој младите ќе ги реализираат своите идеи и иницијативи, ќе креираат политики и нов правец во Карпош.

Заедно ќе создадеме општина во која секој се слуша, се почитува и вреднува. Карпош е препознатлив како спортска општина! Многу спортски терени, игралишта, училишни спортски сали, базен, спортски клубови и бројни спортски настани. Општината континуирано вложува во спортот и го поттикнува спортскиот дух, здравите навики и активниот живот. Спорт за секого. Културата е дел од идентитетот на Карпош. Карпошовото културно лето, културните и уметничките настани, фолклорните фестивали, ликовните колонии и бројните изложби, концерти, поддршката на творештвото создаваат разновиден и динамичен урбан дух во Карпош.

Овде традицијата и современите културни вредности се надополнуваат и заедно го збогатуваат секојдневието на карпошани. Карпош се гради и модернизира! Нови и реконструирани улици, подобрена патна и комунална инфраструктура, уредени јавни површини, детски игралишта, зелени простори и современи урбани содржини го менуваат секојдневието.

Карпош е средината во која се среќаваат различни генерации, се создаваат нови и се негуваат старите пријателства, се развиваат идеи и се гради силна заедница. Карпош е место кое расте, се менува и постојано тежнее кон подобро. 50 години Карпош не е само бројка. Тоа се 50 години животни приказни, спомени, труд и достигнувања. Денес кога го одбележуваме јубилејот, гледаме напред во наредните 50 години исполнети со многу нови проекти, подобри услови за живот, соживот и почит кон секого и светла иднина за сите. Честит 50-ти роденден Карпош.

Најнови вести од: Македонија

Им „помагал“ на граѓани на банкомат, па си земал „провизија за услугата“

Стоел крај банкомат, па им помагал на граѓани да извадат пари, а потоа скришум си земал дел од парите – М.З.(50) од село Пчиња, Кумановско бил уапсен вчера претпладне откако бил фатен на дело. Тој бил забележан од полицијата пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ како на граѓани им нуди помош за вадење и […]

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Најнови вести

To top