Хроника

Им „помагал“ на граѓани на банкомат, па си земал „провизија за услугата“

Стоел крај банкомат, па им помагал на граѓани да извадат пари, а потоа кришум си земал дел од парите – М.З.(50) од село Пчиња, Кумановско бил уапсен вчера претпладне откако бил фатен на дело.

Тој бил забележан од полицијата пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ како им нуди на граѓани помош за вадење и пари од банкомат. Но искористувајќи го нивното невнимание, тој земал дел од парите.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Куманово.

Најнови вести од: Хроника

Тетовчанка пријавила долгогодишно семејно насилство и закани со оружје од нејзиниот сопруг, кој е уапсен!

Четириесетгодишен маж од Тетово е уапсен откако неговата сопруга пријавила дека подолг временски период била жртва на физичко насилство и закани со огнено оружје.

Граничните полицајци Х.К. и Ј.К. зеле мито од двајца турски државјани – заработија кривична пријава и суспензија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

To top