Свет

Европската комисија објави упатства за подготвеност на населението во криза

Од пакување торба за итни случаи до правилно однесување во катастрофа

Подготвени граѓани – поотпорна Европа. Од пакувањето на торба за итни случаи до знаењето како да се реагира кога ќе удри катастрофа, подготвеноста започнува со практични чекори. Европската комисија ги објави новите насоки со кои властите ќе им ги дадат на луѓето алатките и знаењето за да се заштитат себеси и другите во криза.

Новите упатства се дел од пошироката Стратегија за подготвеност на Унијата и се насочени кон четири клучни области: самостојност на домаќинствата во првите 72 часа од кризата, вклучување на подготвеноста во образовните програми, инклузивна подготвеност за лицата со попреченост и поефикасна комуникација на ризиците. Целта е граѓаните да бидат подобро информирани, опремени и способни да дејствуваат пред, за време и по вонредна ситуација.

Според Комисијата, подготвеноста не е само задача на институциите, туку на целото општество. Новите насоки треба да им помогнат на националните власти да ги оспособат луѓето со јасни, практични совети – од тоа што да содржат торбите за итни случаи до тоа како да се однесуваат кога ќе настане катастрофа.

Најнови вести од: Свет

Марта Кос ќе го претстави Пакетот за проширување на ЕУ за 2026 година

Европската комисијата вели дека историскиот ревизионизам, негирањето или глорификацијата на воените злосторства и провокативната реторика се „некомпатибилни со вредностите“ врз кои се темели процесот на пристапување

Демократите го освоија Конгресот – тежок удар за Трамп

Со контролата на Претставничкиот дом и на Сенатот, демократите ќе можат да ги попречат плановите на претседателот Трамп за следните две години, па дури и да се обидат по третпат да покренат постапка за негов отповик

To top