Македонија

ЕФА: Се засилуваат притисоците и заплашувањето на македонското и турското малцинство во Грција

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Според ЕФА, грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) изрази сериозна загриженост поради засилените притисоци, институционалното заплашување и судското прогонување на припадниците на македонското и турското малцинство во Грција.

Во декларацијата се наведува дека во текот на летата 2024 и 2025 година, како и во периодот што следува, притисоците врз двете малцински заедници значително се интензивирале, преминувајќи од административни пречки кон координирани активности на заплашување, кривичен прогон и судско вознемирување.

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните, објави ЕФА 

Како примери се посочуваат настаните во Ајтос и Аминдео, како и прекинувањето на настап на македонски јазик во Слатино од страна на заменик-обласен гувернер. Работната група предупредува и на поднесување колективни кривични пријави против припадници на македонската заедница, со цел заплашување на населението и спречување на одржувањето традиционални културни манифестации.

Дополнително, се посочува дека грчки адвокат поднел широка тужба против 15 припадници на македонското малцинство, организацијата „Крсте Мисирков“ и Партијата на пријателството, еднаквоста и мирот (ДЕБ), која ги претставува интересите на турското малцинство.

ЕФА изразува загриженост и поради случувањата во турската малцинска заедница во Западна Тракија.

Во декларацијата се потсетува на инцидентот во октомври 2024 година во џамијата „Чинар“ во Ксанти, кога муфтии назначени од грчките власти, чиј легитимитет не го признава турското малцинство, наводно се обиделе да предизвикаат конфронтација.

По настанот биле покренати кривични постапки против четворица претставници на турското малцинство. Според декларацијата, по судењето одржано во јуни 2026 година, четворицата биле осудени на по 17 месеци затвор.

Посебна загриженост предизвикува и формирањето на 33-члена советодавна комисија за номинирање муфтии, како и назначувањата во Димотика, Ксанти и Комотини. ЕФА наведува дека членовите на комисијата не се признаени од турското малцинство, а медиумските извештаи подоцна откриле дека нејзините членови биле вработени во јавниот сектор и примале плата од државата.

Според Работната група, назначувањето верски лидери без прифаќање од самата малцинска заедница ја поткопува довербата и може дополнително да ги продлабочи општествените тензии.

Еден од клучните проблеми што ги истакнува ЕФА е долгогодишното неспроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во однос на правото на здружување на македонското и турското малцинство.

Посебно се посочува случајот „Дом на македонската цивилизација и други против Грција“, чија пресуда сè уште не е спроведена, како и групата случаи „Бекир Уста“, поврзана со здруженијата на турското малцинство, чии пресуди остануваат неспроведени веќе 18 години.

И покрај тоа што Грција во 2024 година формирала експертска комисија за разгледување на овие случаи, по предупредувањата од Комитетот на министри на Советот на Европа, досега не биле преземени конкретни мерки за нивно целосно спроведување.

Во декларацијата се наведува и дека во јуни 2026 година ЕСЧП донел пресуда во корист на Турското женско културно здружение од Ксанти, повторно утврдувајќи повреда на обврските на Грција според Европската конвенција за човекови права. Сепак, Апелациониот суд во Грција потоа го одбил барањето за спроведување на пресудата и регистрација на здружението.

Овие прашања биле опфатени и во извештајот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за Грција, објавен во септември 2026 година.

ЕФА бара одговорност од Грција и реакција од европските институции.

Работната група оценува дека ваквите постапки се спротивни на европските стандарди за човекови права, недискриминација и заштита на културната и јазичната разновидност, вклучително и на вредностите утврдени во член 2 од Договорот за Европската унија и одредбите од Повелбата за основните права на ЕУ.

Поради тоа, ЕФА упатува повик до Високиот комесар на ОН за човекови права, комесарот за човекови права на Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент да преземат конкретни активности.

Меѓу главните барања се:

  • Грција да понесе одговорност за обврските во областа на човековите и малцинските права.
  • Европските институции внимателно да го следат зголемувањето на повредите на правата на македонското и турското малцинство.
  • Грчките власти веднаш да ја прекинат кампањата на заплашување и вознемирување.
  • Да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права поврзани со слободата на здружување.
  • Да се преземат итни мерки за заштита на двете малцинства од говор на омраза.
  • Грција да ја прекине долгогодишната политика на етничко негирање на македонското и турското малцинство.

На крајот, Работната група на ЕФА ја потврдува својата поддршка за македонското и турското малцинство во Грција, нагласувајќи дека заштитата на нивниот идентитет, јазик, култура и право на слободно здружување претставува прашање на европска демократија, еднаквост и почитување на човековите права.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top