Регион

Петрова: Не разговараме со Македонија за нејзино членство во ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, го тврди спротивното

За време на парламентарна дискусија, министерката за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека, за време на мандатот на администрацијата на премиерот Румен Радев, се одржале само две официјални средби со  Македонија.

Во однос на изјавите на властите во Македонија дека се водат преговори со Бугарија за членство на Македонија во ЕУ, таа ги оцени таквите тврдења како неосновани.

Бугарија не отстапува од договорите постигнати во 2022 година, нагласи дипломатката.

Петрова истакна дека очекува од Македонија да се појави наратив кој не е антибугарски.

Сè додека тоа не се случи, одржувањето на дијалогот ќе остане многу тешко, додаде таа, пренесе Њуз.бг

Инаку денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски изјави дека во моментов се води дијалог со Софија кој има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Игнацио Касис, во врска со изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека се работи на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски рече дека процесот се одвива и на европско ниво со поддршка и од земјите членки.

„ Во однос на прашањето со Бугарија, мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки – изјави Муцунски.

Тој повтори дека позициите на македонската страна се јасни и принципиелни и дека сите разговори што се водат во моментов, како и оние во изминатите две години, се засноваат на ставови што јасно им биле претставени на европските партнери.

„ Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните една до две години, се базирани на позиции што прилично јасно им ги претставивме на нашите европски партнери“, рече Муцунски.

Најнови вести од: Регион

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

To top