Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените на електричната енергија. Во неа цените на електричната енергија за домаќинствата вклучуваат даноци, давачки, неданочни давачки, такси и данок на додадена вредност (ДДВ), бидејќи тоа генерално ја одразува вкупната цена што ја плаќаат домаќинствата. За потрошувачите од категоријата домаќинства во ЕУ  во се земени потрошувачи со средна големина, со годишна потрошувачка помеѓу 2.500 киловат-часа (kWh) и 5.000 kWh).

Во првата половина на 2026 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во ЕУ се намали за 2,2% на 0,28 евра, што е пад од 0,29 евра за kWh во втората половина на 2025 година. Но, цената остана значително над нивоата од пред енергетската криза во 2022 година.

Истовремено, даноците и давачките исто така благо се намалија, при што нивниот удел во конечната сметка опадна за 0,5 процентни поени – од 28,9% во втората половина на 2025 година на 28,4% во првата половина на 2026 година.

Ирска на врвот на листата на цените на струјата во ЕУ

Во првата половина на 2026 година, цените на електричната енергија за домаќинствата се зголемија во 13 земји на ЕУ, се намалија во 11, а останаа релативно стабилни во 3 земји, во споредба со првата половина на 2025 година.

Шест земји имаат цени на електричната енергија повисоки од 0,30 евра за kWh, додека пет земји забележаа цени под 0,20 евра за kWh.

Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh, по што следуваат Германија и Белгија (двете со 0,36 евра).

Најниски цени бележат Унгарија (0,11 евра), како и  Малта и  Бугарија (по 0,13 евра).

За домаќинствата во Ирска, трошокот по kWh бил за 37% повисок од просечната цена во ЕУ, додека домаќинствата во Унгарија, Малта и Бугарија плаќале помалку од половина од просечната цена во ЕУ.

Во првата половина на 2026 година, меѓу земјите од ЕУ, уделот на даноците и давачките во цените на електричната енергија за домаќинствата бил најмал во Холандија (-9,9 %), по што следува Малта (5,9 %). Највисоки удели се забележани во Полска (46,9 %) и Германија (34,0 %).

На ниво на ЕУ, даноците и давачките сочинувале 28,4 % од вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата во првата половина на 2026 година, што претставува намалување за 0,5 процентни поени во споредба со втората половина на 2025 година. ДДВ учествувал со 15,1 % во вкупната цена на ниво на ЕУ, при што овој удел се движел од 4,7 % во Малта до 21,2 % во Унгарија.

Цените на електричната енергија за домаќинствата остро пораснаа во Романија (+51,6% во споредба со првата половина на 2025 година), Ирска (+19,8%) и Финска (+18,4%).

Од друга страна, некои земји забележаа остар пад, особено Данска (-31,7%) и Луксембург (-24,1%).

Западен Балкан ги задржа цените на струјата речиси на исто ниво

Цените на струјата во Западен Балкан останале речиси исти, со незначителни зголемувања.  Највисока цена имаат Србија и Албанија, со по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови (околу 0,12 евра). Веднаш зад нив е Македонија, каде што електричната енергија чини 11,6 евроценти (0,11 евра).

Во Црна Гора цената изнесува 10,3 евроценти (0,10 евра), додека во Босна и Херцеговина е 9,9 евроценти (0,9 евра) за 100 киловат-часови.

Куповната моќ и цената на струјата

Цените на електричната енергија, пресметани според стандардот на куповна моќ (PPS),  во првата половина од годинава највисоки биле  во Романија (46,9 на 100 kWh), Полска (41,1) и Чешка (34,3). Најниски цени на електричната енергија, според стандардот на куповна моќ, се забележани во Малта (13,8), Унгарија (14,7) и Луксембург (15,5). Западен Балкан, според овој критериум, повторно во друштво на земјите со најниски цени, но  Македонија оди малку повисоко на листата. Цената на струјата, според куповната моќ во земјава изнесува 22,4 на 100 киловат часови, во Србија (19,1), Албанија (18,2), Црна Гора (17,9) и во Босна и Херцеговина (17,8). За Косово нема статистички податоци.

Најнови вести од: Македонија

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како непоколеблив светилник на историската вистина. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја и класицист со меѓународно реноме, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ понуди сериозна, научно фундирана и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт и ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

Муцунски: Нема да бидеме лицемерни и да зборуваме за евроинтеграција, а да донесуваме измени на КЗ како оние од 2023

Нашиот став е дека има фундаментална разлика за тоа што кажува официјална Софија и тоа што го гледаме од правна гледна точка како преземени обврски од претходната Влада и сето тоа не става нас во ситуација како Влада дека нема предвидливост на процесот, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање […]

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Најнови вести

To top