Македонија

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан.

Амбасадорот Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Според Сиљановска-Давкова, зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата 10 (Дигитална трансформација и медиуми) и 26 (Образование и културa), како и регистрираниот напредок во науката и истражувањето и заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за манифестиран и докажан институционален капацитет на државата во исполнувањето на европските стандарди.

Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесат видливи промени и напредок во Кластерот „Основи “.

Во рамките на своите уставни надлежности, Сиљановска-Давкова истакна дека ќе продолжи да се однесува реформаторски, придонесувајќи за јакнењето на демократијата.

Претседателката потсети дека извештајот треба објективно да го прикажува реализирањето на Копенхашките критериуми, а не на наметнатите билатерални политички услови, спротивни на европските вредности и принципи утврдени во европските уставни акти.

За неа, нашето изоставување од групата на земји предводнички во процесот на проширувањето, не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до македонската јавност.

Сиљановска-Давкова уште еднаш повика на еднаков третман на сите земји-кандидатки во пристапниот процес. Според неа, потребни се политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како непоколеблив светилник на историската вистина. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја и класицист со меѓународно реноме, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ понуди сериозна, научно фундирана и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт и ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

Муцунски: Нема да бидеме лицемерни и да зборуваме за евроинтеграција, а да донесуваме измени на КЗ како оние од 2023

Нашиот став е дека има фундаментална разлика за тоа што кажува официјална Софија и тоа што го гледаме од правна гледна точка како преземени обврски од претходната Влада и сето тоа не става нас во ситуација како Влада дека нема предвидливост на процесот, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање […]

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Огромен интерес за милионот: Досега пријавени 413 тимови, рокот истекува на 11 ноември

Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари.

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Најнови вести

To top