Регион

Вучиќ наздравува во кафана и порачува „Србија победува“ (ВИДЕО)

Активноста на социјалните мрежи ја засили во последниот период

Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, во последно време сè повеќе личи на инфлуенсер. Речиси секој час на социјалните мрежи објавува нови фотографии и видеа, а вечерва фокусот го префрли во белградска кафана.

Таму, во друштво на поддржувачи на Српската напредна партија, пие и се весели, а снимките веднаш ги споделува со јавноста. На едно од видеата јасно се гледа како присутните наздравуваат, а меѓу нив е и самиот Вучиќ.

Претходно објави и видео со сопственикот на медиумот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, снимено во истиот локал – „Чаци бар“.

„Не знам што слави Драган. Ме повика мене и уште некои државни функционери, Ана, Синиша и Тони, па дојдовме во кафанава „Чаци бар“. Не знам што слави Драган, веројатно затоа што му го гасат медиумот. А јас знам дека тоа што му го гасат медиумот е почеток на нивниот крај. И тие ништо не разбраа“, рече Вучиќ.

На крајот од снимката, двајцата ја повторија пораката: „Србија победува“.

Најнови вести од: Регион

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

Свинаров: Софија се плаши да не го налути „Големиот брат“

Причината поради која бугарските власти се воздржуваат од тоа јасно да ја посочат Русија како одговорна за серијата напади со беспилотни летала во Црното Море, е политичка зависност што се таложела со генерации

Полетал за Москва – го вратиле во Белград!?

Вратен авион во кој бил Александар Вулин, поранешен српски министер и поранешен шеф на разузнавачката агенција БИА,. По слетувањето во Белград им се обратил на полицајците со прашањето: „Колеги, дали дојдовте по мене?“

To top