Македонија

Денес е Митровденска задушница – ден за помен на починатите

Со текот на времето, оваа задушница станала ден за помен не само на загинатите војници, туку и на сите починати православни христијани.

Православните христијани денес ја одбележуваат Митровденската задушница, ден посветен на молитва и помен за душите на починатите.

Задушниците се одбележуваат четири пати годишно, секогаш во сабота, кога верниците се молат за упокоените, посетуваат цркви и гробишта и оддаваат почит на своите блиски.

На овој ден во храмовите се служат литургија и парастос, а на гробиштата се принесуваат пченица и лепче, кои се осветуваат со црвено вино. Верниците, исто така, даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на починатите.

Митровденската задушница се одбележува во саботата пред празникот Свети Димитриј, кој се празнува на 8 ноември.

Според црковното предание, оваа традиција потекнува од XIV век и првично била поврзана со поменот на православните војници загинати во битката на Куликовското поле во 1380 година.

По победата над војската на Мамај, рускиот кнез Димитриј Донски ја посетил обителта на Живоначалната Троица, каде што бил извршен помен за загинатите монаси Александар Пересвјат и Ослабја. Тој предложил поменот да се одржува секоја година во саботата пред празникот на свети Димитриј.

Со текот на времето, оваа задушница станала ден за помен не само на загинатите војници, туку и на сите починати православни христијани.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

To top