Македонија

Пратениците утре ќе бираат нов гувернер на Народна банка

Предлогот за нов гувернер на Народната банка денеска ќе биде доставен до Собранието, а пратениците ќе гласаат утре (вторник). Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај, по седум години на функцијата. Таа беше првата жена на оваа позиција, избрана со двотретинско мнозинство во 2018 година, со поддршка од сите пратенички групи. […]

Предлогот за нов гувернер на Народната банка денеска ќе биде доставен до Собранието, а пратениците ќе гласаат утре (вторник).

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај, по седум години на функцијата. Таа беше првата жена на оваа позиција, избрана со двотретинско мнозинство во 2018 година, со поддршка од сите пратенички групи.

Премиерот Христијан Мицкоски не откри кој е неговиот личен фаворит, но нагласи дека сите кандидати што се разгледуваат се „вонсериски искусни“ и дека клучен услов за поддршка од неговата партија е одржување на макроекономската стабилност и одбрана на фиксниот курс на денарот.

Во јавноста веќе се споменуваат неколку потенцијални имиња за нов гувернер. Меѓу нив се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, кој во моментот е претседавач во Советот на Град Скопје.

Се споменуваат и актуелната гувернерка Бежоска, како и Маја Кадиевска Војновиќ, член на надзорниот одбор на КИБС.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top