Променливо облачно небо и температури кои ќе достигнат до 15 степени ќе ја обележат денешната временска слика, информира УХМР.
Во текот на денот се очекуваат краткотрајни сончеви периоди, додека во попладневните часови и преку ноќта во западните делови на земјата ќе има услови за појава на локален дожд.
На повисоките планински предели можни се и слаби снежни врнежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 6 степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладнето ќе биде претежно сончево, додека во вечерните часови се создаваат услови за локален дожд.
Ветарот ќе биде слаб до умерен од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до -1 степен, а во текот на денот ќе се искачи до 15 степени.
Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Од вторник се очекува постабилна временска ситуација со променлива облачност во текот на денот, додека во петок повторно ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ветарот и натаму ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец.