Македонија

Мицкоски: Ќе ја спасиме Алта банка

Во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира купо-продажбата на банката, тој рече дека очекува кон крајот на месецот, почетокот на идниот месец да биде закажана аукцијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека изминатите денови лично бил ангажиран во изнаоѓање решение за банката и очекува нејзино преземање од друга финансиска институција.

„Голем оптимист сум дека ќе имаме финансиска институција, банка, која ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите и за луѓето кои имаат некаква релација со банката“, изјави Мицкоски.

„Ќе ја спасиме банката“… а тоа е лоша вест за нашата опозиција, којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира и ќе отиде во стечај и така натаму. Тоа е првата порака којашто уште еднаш сакам да ја да ја кажам“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.

Премиерот рече дека од опозицијата ќе бидат разочарани бидејќи нивните црни сценарија и обиди „Алта банка“ да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат.

Мицкоски исто така истакна оти се согласува Обвинителството да отвори случај, да поведе истрага, по што ќе се види што ќе каже таа истрага.

„ Второ, ние како влада, секој оној кој ги исполнува сите законски услови, што ги исполнува правилата на работа, а впрочем истиот тој Мацура претходно се стекнал со право да работи и на територијата на Австрија, бидејќи австрискиот регулатор му дозволил да стане сопственик на дел од акциите во Адико банка, исто така истиот тој Мацура да влезе во би рекол трговски и деловни односи со „Рајфајзен банка“, една од поголемите финансиски институции во регионот, само покажува дека дека тоа што го зборуваат од кај опозицијата претставува политичка естрада и фолклор и јас ќе го третирам само во таа категорија дека е политичка естрада и фолклор“, потенцира Мицкоски.

Тој додаде дека тука сопственикот ги исполнил сите услови, ги испочитувал сите критериуми и се стекнал со правото да работи на македонскиот пазар.

„Ние не можеме како Влада да бираме кој ќе работи или кој нема да работи. Ако од опозициската СДСМ правеле во минатото кој може да работи и како да работи, ако само неколку фирми коишто биле блиски до нив и до семејството тогашно, знаете кој можел да работи, ние тоа не го правиме, бидејќи секој оној којшто работи на една слободна, пазарна, демократска и би рекол трговска основа може да работи тука.

Замислете, додаде Мицкоски, ако на тој начин размислуваат сега кај нашиот северен сосед, да речеме одредени македонски компании по правило на реципроцитет да им биде забрането да работат, на пример, како што наведе „Алкалоид“ да не продава лекови во Србија, АС-П пак да не продава мрежи во Србија, „Витаминка“ да не продава кондиторски производи во Србија, „Стокомак“ да не продава и да не формира свои ланци таму на продажби и така натаму.

„Ако ние влеземе во вакви односи на билатерална основа, тогаш мислам дека лошо се пишува и на економијата, но и на генерално политичките односи во една држава. Така што оваа естрада и фолклор којшто доаѓа од опозицијата, јас го класифицирам во таа група, тоа е политичко мочуриште, но она што е поважно е дека тие ќе бидат разочарани и нема оваа банка да заврши со црно сценарио коешто тие од петни жили посакуваат да се случи. Затоа рековме уште на самиот почеток од овој случај, тоа е увезен случај и ние и опозицијата имаме различна амбиција. Тие имаат амбиција којашто е испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и банката да продолжи да функционира и во тоа верувајте еве на крајот од овој процес ќе видите дека ќе успееме – нагласи Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира купувањето на банката, тој рече дека очекува кон крајот на месецот, почетокот на идниот месец да биде закажана аукцијата.

„Поминаа оние три дена со коишто се информираше регулаторот во Србија, течат оние 10 дена во коишто тие треба да дадат право Народната банка преку аукција да ги оттуѓи акци акциите.

Потоа следат пет дена на лиценцирање на потенцијални понудувачи и очекувам кон крајот на месецот, почетокот на идниот месец да биде закажана аукцијата“,  истакна Мицкоски во изјава за медиуми по отворањето на новиот производен капацитет на компанијата АСП – ПАК ДООЕЛ во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Богојески пак ја шокира јавноста: „Хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“ (ВИДЕО)

На своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени, а тие кои протестираа ги обвини дека заработуваат од странски фондации и амбасади

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top