Македонија

Недавањето патоказ за Македонија од ЕУ е неправда, смета Гаши

Брисел не го награди Скопје за „компромисот“ со Грција и промената на името, напомнува собранискиот спикер

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, го оценува како неправда од Европската Унија отсуството на Македонија од патоказите за напредок во процесот на проширување што Европската комисија неодамна ги претстави за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина.

„Има дел од реалноста, но повеќе би рекол дека е неправда. Мислам дека кон нашата држава е направена неправда со тоа што по донесувањето на Преспанскиот договор, менувањето на уставното име, ваков голем компромис, ниту во регионот, ниту пошироко, во Европа не е направено подолго време, не ѝ беше овозможено на земјава побрзо да напредува“, изјави собранискиот спикер во интервју за „360 степени“ на Македонската телевизија.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top