Македонија

(ВИДЕО) Бакнежи и прегратки: Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова во Елисејската палата

Пречекот се одвива во рамки на учеството на претседателката на Парискиот мировен форум

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова беше свечено пречекана во Елисејската палата од францускиот претседател Емануел Макрон и првата дама Брижит Макрон.

На црвениот тепих пред влезот во палатата, под стража на почесната гарда во свечени униформи и воен марш, покрај француското знаме, тројцата позираа заедно за фотографи.

Предходно домаќините ја пречекаа Сиљановска-Давкова со бакнежи и прегратки.

Претседателот Макрон, кој ја организира свечената вечера во седиштето на француското претседателство е облечен во класичен црн смокинг со црна вратоврска, стои лево.

Во средината е претседателката Сиљановска-Давкова, во елегантен темносин фустан и бисерен ѓердан, а до неа првата дама Брижит Макрон во темносин долг фустан со шал.

Моментот го овековечија камерите во свечена и достоинствена атмосфера, типична за протоколот на Елисејската палата.

Пречекот се одвива во рамки на учеството на претседателката на Парискиот мировен форум, каде што се среќаваат светски лидери за дискусии за мир, соработка и глобални предизвици.

Видеото е објавено од страна на кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

To top