Сите семејства на лицата кои загинаа во несреќата на автопатот „Тракија“ ќе добијат еднократна социјална помош во износ од 8.000 евра, пишува Њуз.бг.
Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика, Наталија Ефремова, по редовната седница на Советот на министри, пренесува „Нова ТВ“.
Семејствата на жртвите можат да се обратат до дирекциите за социјална помош низ целата земја за да добијат конкретни насоки во врска со оваа еднократна социјална помош, предвидена со закон.
Оние на кои им е потребна психолошка поддршка, исто така, можат да се обратат до општинските дирекции за социјална помош, каде што ќе им биде обезбедена бесплатна помош.
Ефремова појасни дека еднократната социјална помош ќе се доделува преку дирекциите за социјална помош. Се очекува исплатите да бидат извршени во рок од неколку дена, откако ќе се потврдат податоците за семејствата и нивните адреси.