Македонија

ВЛЕН бара истрага за трансакции во Алта банка на фирма блиска до Ахмети

Да се испита улогата и на Фатмир Бесими, бара ВЛЕН

ВЛЕН бара истрага за трансакции во Алта банка поврзани со фирма блиска до Али Ахмети и да се испита улогата на Фатмир Бесими.

Денеска јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка.

Овие случувања, според ВЛЕН, отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори.

„Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка. Во меѓувреме, компанијата АС Сењак, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Али Ахмети, се споменува во неколку трансакции кои бараат целосна истрага: во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, во јуни 2025 година компанија во која е косопственик добила кредит од 5 милиони евра од Алта банка, додека во септември 2025 година нејзините акции во оваа банка ѝ биле продадени токму на Алта банка. Али Ахмети и ДУИ мора да одговорат: какви врски имаат со сопственикот на АС Сењак и дали биле запознаени со овие трансакции“, соопшти ВЛЕН.

И улогата на Фатмир Бесими во одлуките од 2023 година треба да биде предмет на проверка од надлежните институции, се додава во соопштението.

„Со години ДУИ го користеше патриотизмот како политички штит. Денес, кога се поставуваат прашања за финансиските односи со српскиот бизнис-свет, наместо одговори, избира да напаѓа по прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за правичната застапеност. ВЛЕН бара Јавното обвинителство да ги истражи сите трансакции и улогата на инволвираните лица. Патриотизмот не може да биде штит за приватни интереси. Албанците заслужуваат одговори, а не молк и политичко пренасочување на вниманието“, соопшти ВЛЕН.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

To top