Македонија

Искра Хаџи Василева: Приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал

Пред Советот на јавните обвинители рече дека првенствено ќе се залага за се ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси

Приоритетите се јасни, ефикасен кривичен прогон, целисходност во нашата работа и максимално искористување на ресурсите што ни се ставени на располагање. Свесни сме дека тие во одреден дел се ограничени, но ќе се залагаме за обезбедување повеќе ресурси и за што поефикасно користење на постојните, со цел да постигнеме поуспешни резултати – изјави новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева.

„Ќе се обидеме да испорачаме поефикасен и поодлучен кривичен прогон таму каде што тоа е најпотребно, односно во предмети и ситуации што навистина го засегаат јавниот интерес и што се од значење за сите нас, за граѓаните и за општеството во целина“, рече  Хаџи Василева.

При претставувањето на програмата пред Советот на јавните обвинители, таа истакна дека фокусот на ОЈО ГОКК мора да биде насочен кон борбата против корупцијата и организираниот криминал, како појави што го нарушуваат јавниот интерес, мирот на граѓаните и општествениот напредок.

Изборот на нов раководител беше спроведен поради истекувањето на мандатот на досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на оваа функција беше избран во октомври 2022 година.

Најнови вести од: Македонија

Јаревски: Не е „Алта банка“ ни ТАТ, ни Лавци, ниту пак „Еуростандард“

Банката е ликвидна, обезбедени се штедните влогови, заштитени се и доверителите. Мерките што ги презема Народната банка се веднаш промптни, уште од самиот викенд. Немаме стечај, немаме пропаѓање на банката“, рече пратеникот

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

To top