Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да „расчисти со Куба“ пред да ја напушти функцијата. Понатаму, тој „секако би размислил“ за употреба на воена сила на островот, пренесе АФП.
„Многу внимателно ја следиме ситуацијата; работите таму се одвиваат многу лошо. Тоа е, во суштина, пропадната – знаете – држава, едно место – како и да сакате да го наречете“, рече Трамп во интервју за „Салем њуз ченел“ (Salem News Channel).
Американскиот претседател истакна дека „би сакал да може да го направи тоа“ за кубанскиот народ, кој е „навистина лошо третиран“ и чии припадници емигрирале во Америка.