Бизнис

Ако храната поскапува, Владата најави мерки за граѓаните полесно да го поминат месецот

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

Владата ќе ја следи состојбата во текот на овој месец, а потоа ако има потреба ќе носи економски таргет мерки за намалување на инфлацијата. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекуваат економски мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација која на годишно ниво е 4,8 отсто. Според Мицкоски, состојбата будно се следи и се разгледуваат мерки. Тој вели дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

  • „Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот драјвер на тоа зошто е таа 4,7 отсто на годишно ниво за мај, се два сектора, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги кои се двоцифрени, над 10 проценти, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. ​Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам“, одговори Мицкоски.

Тој смета дека можеби се потребни уште поригорозни мерки затоа што вели дека целта е да се заштити здравјето на граѓаните.

  • „Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки“, рече Мицкоски.

Што се однесува во делот на транспортот, Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите.

  • „Најголемиот дел е кај авионскиот превоз поради скапиот керозин, којшто е двојно повисок. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците“, рече Мицкоски. 

Претходно, Државниот завод за статистика го објави извештајот за индексот на трошоците на живот во мај во кој се вели дека има зголемување од 4,8 отсто во однос на истиот месец претходната година. Исто така, беше објавено и дека индексот на цените на мало, пак, е зголемен за 5,6 отсто.

Кај јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот има значително поевтунување, вели првиот човек на ДПИ. Инспекторите  се на терен и кон крајот на јуни  врз основа на проверките на 10 тина големи дистрибутери и 10 ланци на маркети ќе  го компетираат конечниот извештај.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top